• петок, 21 февруари 2025

Одбраната на Реал Мадрид добива самодоверба: Рудигер ќе игра против Сити

Одбраната на Реал Мадрид добива самодоверба: Рудигер ќе игра против Сити

Мадрид, 17 февруари 2025 (МИА) - Реал Мадрид ќе биде посилен за Антонио Ридигер против Манчестер Сити во утрешниот натпревар. Од тројцата штотуку закрепнати играчи кои денеска тренираа со остатокот од тимот, само германскиот дефанзивец е подготвен за реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите на УЕФА, додека Лукас Васкез и Давид Алаба нема да можат да конкурираат за стартниот состав, пренесе „Марка“.

Враќањето на Рудигер ги израдува сите во Реал, бидејќи се очекува да ја стабилизира бековската линија која Орелан Чуамени не успеа да ја пополни. Младиот Асенсио и Рудигер ќе играат како централни дефанзивци, Федерико Валверде останува десен бек, додека Менди ќе игра лево.

Чуамени се враќа во средниот ред каде што е многу повлијателен отколку во последната линија, па тренерот Карло Анчелоти има дополнителен играч во ротацијата на средниот ред. Реал има предност од 3:2, но знае дека пред себе има исклучително тешка задача успешно да ја заврши работата и да се пласира во осминафиналето. дс

Фото: Архива

Остани поврзан