• петок, 08 ноември 2024

Објавен списокот од 25 фудбалери номинирани за наградата „Златно момче“

Објавен списокот од 25 фудбалери номинирани за наградата „Златно момче“

Нион, 18 октомври 2024 (МИА) - Списокот со фудбалерите номинирани за наградата „Златно момче“, која се доделува секоја година, беше објавен денеска.

Голем фаворит за освојување на наградата е ѕвездата на Барселона, Ламин Јамал.

Во изминатите три години, наградата им припадна на талентите од Ла Лига – Педри и Гави од Барселона и Џуд Белингем од Реал Мадрид.

На листата има 25 имиња, а победникот ќе стане познат на 4 декември.

Во изминатите години, добитници на престижната награда беа Лионел Меси, Килијан Мбапе и Ерлинг Холанд.

Номинирани за за наградата „Златно момче“:

Ламин Јамал (Барселона), Жоао Невеш (Пари Сен Жермен), Ворен Заир-Емери (ПСЖ), Алехандро Гарначо (Манчестер Јунајтед), Пау Кубарчи (Барселона), Савио (Манчестер Сити), Рико Луис (Манчестер Сити), Александар Павловиќ (Баерн Минхен), Коби Мајну (Манчестер Јунајтед), Јорел Хато (Ајакс), Лени Јоро (Манчестер Јунајтед), Џејми Бино-Гитенс (Борусија Дортмунд), Кенан Јилдиз (Јувентус), Кристијан Москера (Валенсија), Адам Вартон ( Кристал Палас), Арда Ѓулер (Реал Мадрид), Матис Тел (Баерн Минхен), Дезире Дуе (ПСЖ), Оскар Глох (Салцбург), Саму Омородион (Порто), Вилсон Одобер (Тотенхем), Андреас Шелдруп (Бенфика), Ендрик (Реал Мадрид), Елиес Бен Сегир (Монако) и Самуел Мбангула (Бенфика). дс

Фото: Архива

Остани поврзан