• петок, 14 март 2025

Објавени конкурсите за фестивалот „Весело штурче“

Објавени конкурсите за фестивалот „Весело штурче“

Штип, 31 јануари 2024 (МИА) - Фестивалот „Весело штурче“ ќе се одржи веќе трета година по ред. Конкурсот за учесници на Фестивалот, како и Конкурсот за автори и композитори ќе траат до 1 март. Фестивалот ќе се одржи во втората половина на месец септември.

Директорот на фестивалот „Весело штурче“, Филип Стевановски на денешната прес-конференција во Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип соопшти дека Фестивалот е отворен за дечиња на возраст од 6 до 12 години кои по пријавата за учество, ќе мора да ја поминат аудицијата, и годинава ќе се изберат од 20 до најмногу 22 композиции.

-По први март ги објавуваме датумите за аудиција. Децата ќе дојдат, ќе пејат исклучиво песнички од „Весело штурче“ и ќе ги одбереме најдобрите. Вториот конкурс е Конкурс за автори, којшто исто така го објавуваме секоја година. Ги покануваме сите автори на музика и текст и аранжман да се пријават, да ги пријават своите композиции и да бидат дел од овој фестивал. Пријавувањето се врши на нашата веб-страна каде што има пријава за автори во главното мени, ги прикачуваат сите потребни информации и на тој начин пријавата доаѓа до нас, рече Стевановски.

Минатата година, Фестивалот „Весело штурче“ во соработка со Фондацијата за развој на локалната заедница (ФРЛЗ) отвори Фонд во кој заминаа дел од финансиските средства од продадените билети, партиципацијата за учество на Фестивалот.Со тие средства се набавени инструменти, а обезбедена е и една стипендија за талентирано дете чии родители не можат да ги покријат трошоците за учество на Фестивалот. Борис Шарковски од  ФРЛЗ на денешната прес-конференција рече дека фондот на финансиски средства ќе функционира и оваа година на истиот начин.

-Исто како и минатата година година дел од средствата коишто ќе бидат и оваа година од карти и од продажба на производите на „Весело штурче“ ќе бидат наменети за Фонд со којшто ќе се купи нешто што е важно за заедницата. Овие инструменти што ги гледате тука се набавени од тоа што беше собрано минатата година. Оваа година одиме чекор напред, обезбедивме стипендија заедно талентирано дете коешто е во социјален ризик, значи дете коешто не може да ги покрие трошоците за учество на Фестивалот, рече Шарковски.

Годинава се одбележува 30-годишен јубилеј од првото „Весело штурче“, кое се одржа во 1994 година. Фестивалот се обнови по долга пауза од 25 години.вдј/фф/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан