Обраќања на претседателката Сиљановска-Давкова и на премиерот Мицкоски
- Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова во 17:30 часот ќе се обрати пред јавноста, а во 18 часот најавено е обраќање и на премиерот Христијан Мицкоски по повод трагичната несреќа што се случи во Кочани.

Скопје, 16 март 2025 (МИА) - Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова во 17:30 часот ќе се обрати пред јавноста, а во 18 часот најавено е обраќање и на премиерот Христијан Мицкоски по повод трагичната несреќа што се случи во Кочани.
Според последните официјални информации, во пожарот во дискотеката во Кочани загинаа 59 лица, а 155 се повредени. Дел од нив се хоспитализираат во болници во соседните држави. бак/ац/
Фото: МИА архива