• понеделник, 26 август 2024

Облачно со слаб јужен ветер

Облачно со слаб јужен ветер
Скопје, 19 април 2020 (МИА) - Преку денот времето ќе биде облачно, а попладне во јужните делови ќе има услови за за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб претежно јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од два до шест степени, а дневната температура ќе се движи од  18 до 25 степени. Во Скопје ќе биде претежно облачно. Ќе дува слаб претежно јужен ветер. Утринската температура ќе достигне до пет степени, а дневната температура до 25 степени. Од понеделник ќе биде претежно облачно, а од средината на денот ќе започнат врнежи од дожд проследени со засилен северен ветер и услови за појава на грмежи. На планините врнежите ќе се од снег. Врнежите преку ноќта кон вторник ќе се поинтензивни, а повремено пообилни врнежи ќе има во вторник и среда кога ќе дува засилен јужен ветер.

Остани поврзан