• недела, 06 октомври 2024

Облачно со повремени врнежи од дожд

Облачно со повремени врнежи од дожд
Скопје, 27 март 2020 (МИА) - Времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се движи од минус два до шест степени, а дневната температура од два до 11 степени. Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег.  Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе достигне до три степени, а дневната температура до осум степени. Во сабота ќе се задржи претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во јужните делови. Во недела и понеделник ќе биде претежно стабилно со пораст на дневната температура.
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан