• понеделник, 23 декември 2024

Облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Скопје, 10 јуни 2022 (МИА) - Времето ќе биде облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни локално (над 20 л/м2 наврнат воден талог), проследени со силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени. УВ=5 Во Скопје, облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови процесите да бидат во форма на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 24 степени. И во сабота ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина воден талог), силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. И во Скопската Котлина ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, повремено во форма на невреме. Од недела ќе има постепено стабилизирање на времето со пораст на дневната температура.

Остани поврзан