• четврток, 29 август 2024

Облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег

Облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег
Скопје, 8 јануари 2022 (МИА) – Времето во земјава ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската темпертура ќе се движи од 2 до 5, а дневната од 2 до 10 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд и со слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 4, а дневната ќе достигне до 7 степени. Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во понеделник, кога ќе дува умерен, а во вторник и среда засилен ветер од северен правец. Утре и во недела по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Остани поврзан