• понеделник, 23 декември 2024

Обичаи и верувања

Обичаи и верувања
17 март 2020 (МИА) Лечење со билки   Според македонски лечебник Главобол Аште кого боле глава најди спориш, свари лози, мешај ја тури и цели се. Очебол Кому играат очи да пиет божурово семе прет сонце 40 дена секи ден. Од очобол кромит огули... Ушебол Аште боли уши од диви тикви корење у воду и шарлаган капи во уши. Аште околу уше биде козја крв и маткино масло измешај и сипи во уво и глогово корење стуци и пи со вода и морачово корење и пи с вода и вино. Ако бучи ухо стуци капиново лисје и вино мешај с мет и зејтин и згреј го и капи од гуска сало неслано, растопи и капи. Од глухота од свина млеко и от бел кромит вода капни во ухото. Кого го болит уво от гуска сало вари со кромит и сипи во уво болес таму. Грло Кого боли грло јачменов (?) прас со зејтин и наложи на грло, анте ли у грло меур зрно пелин столчи, изм,ешај итерак и пипер и ложи грло... За меур у грло црн пелин столчи, полата смешај со тирак (штирак) и пипер и положи на грло... От која буба (?) застопи козја лој, мажи по грлото и бршлен носи со себе харно е. Забобол Бел кромид и три зрна да кладеш у тула жешка у леген зави се арно да иде парата врз тебе. От засип човеку лук и кромит со оцет да земат от кромит да пиет со мет да јадит. Уста Егда смрди уста копитјак свари с вино и држ трендафил сув, сожежи га, истрлај го како брашно. Егда смрдливи заби трендафил сотри исип у заби. Срце Кој има болес на срце вари од манан (македан) корен со семето и густо како каша пие и да јаде. Кому спаднало срце изгори от лоза трат, кади се. Бодеж-дупеж Од бодеш рен и лук и пипер и мет да измешаш каде го боли многу пати. Стомак Кој има на запорна жила меур земај на лозу и свари со вино и пи корен запор (?), истолчи го со вода. Гради дишење, кашлање, задух От кашлица мет и кромид пресечи и печи да јаде три пути по три на ден. От задух бели лук и ракија измешај и свари и јади три дни навечер. Жолтица От жутица божур кому крви течат (проодамо?) растуци корен с вино да пие и негово семе три зрна растуци и дај человеку. Краста От краста секаква, бешланово лисје и бадемово масло и сол и вино пржи, лана у аван и солта с водата наедно мешај и мажи. Од книгата „Македонски лечебник од 19 век“, приредил Драги Стефанија, Скопје 1985. (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан