• среда, 27 ноември 2024

Обичаи и верувања

Обичаи и верувања
26 април 2020 (МИА)  Народна филозофија Пословици од Струга Ако беше убаво не ви го даваа. Ако браќата се тепаат, се растура фамилијата. Ако ви е брз јазикот, стрпете се. Ако лажете или крадите, ист грев правите. Ако може некој да ви стапне на стапалката, не може на касметот. Ако не внимавате, парите се трошат како прав на тапан. Ако не го најдеш Влавот, удрфи на гуната. Ако не плаче бебето, мајката ќе заборави да го надои. Ако работиш, Господ да ти поможи. Атер секому, вересија никому. Бегавте од дожд, наидовте на град. Бели пари за црни дни. Бидете задоволни со малку, некои и тоа го немаат. Борчови лерсно се прават тешко се враќаат. Бракот е ист како врзан коњ за плевна. Бумбарите не носат мед, тие самои брмчат. Времето е пари, но не за секого. Види му го умот, пиши му го гревот. Вистината никој не ја сака. Власта го расипува човекот. Внимавајте да не го извалкате образот. Во виното е вистината. Во животот идат и лоши денови, но треба да е издржи. Волк со волк не се јаде, само забите си ги покажуваат. Волкот по порачка не јаде. Сам си ја брка работата. Затоа има дебел врат. Времето донесува, времето однесува. Гајлиња ако имате, борч да немате. Гајлињата предевреме го стреат човекот. Дадените пари со рака со пушка не можеш да ги повратиш. Дадете му власт за да видите какков ум има. Да должиш и да крадиш, ист грев правиш. Да си домаќин, треба да си чесен. Два дена не се браќа. Две добра на една перница не спијат. Домашниот есап на пазар не излегува. Дуќанот е скршена нога. Еден неразбран што може дса направи, сто умни не може да исправат. Ем кабаетлија, ем фурсатлија. Жената долга коса носи, затоа толку размислува. Жената може да ве направи и цар и магаре. Животните јадат само колку што им се јаде. Ни јадат ни пијат за атер. Жената го прави мажот цар, ама и говедар, но и обратно: мажот ја пртави жената царица, а и магарица. Заработен леб со задоволство се јаде. Јазикот коски нема, коски крши. Кај што не дупи бургија, пара продупчува. Каков брич ви даваат, таква брада ќе носите. Кај што е слабо, брзо се кине. Кај што чеша своја рака, туѓа не чеша. Клин со клин се ваѓа. Крвта не е вода. Крушата не паѓа секогаш под круша. Понекогаш се истркалува понастрана. Лакомиста скапо се плаќа. Лесно е да фатиш пријател, тешко е да го задржиш. Љубете се во младоста, сакајте се во староста. На аризан коњ заби не се бројат. Наведната глава сабја не ја сече. На лагата брзо и иде крајот. На неродено дете капа не се шие. Не е се убаво како што изгледа. Според книгата „Записи за минатото на Струга“ 2, од Јоне Кленко, Струга 2008. (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан