• сабота, 23 ноември 2024

Обичаи и верувања

Обичаи и верувања
9 мај 2021 (МИА) Фолклорни материјали од Кратовско  Детски игри, брзозборки, залагалки... (Кога го фрлаат запчето) Врано, врано на ти коскен зуб, дај ми железен зуб. * Еден билин бирба, шити, вала, енге, виртеплети ороспети, далиети, сирунија, сируп-коста, ти турни ( и сл.). * Скака баба од копен на копен, та си вика, та си крјака: „Сбирајте се момци на циглава перца, цигли, мигли, цигава ти кокошчица“. Песни на лулка Мома мете светла црква, метлата ву босилкова, лопатата шимширова. Ем гу мете Бога моле: -Дај ми Биже, свекра поп, а свекрва попадија, ја деверин, млад хаџија, етрвата хаџиијца, и момче младо ѓаче. – Како мома Бога моле, такој ву е Господ даја, дал ву Господ свек’р попа, свекрвата попадија, деверина млад хаџија, етрвата хаџијица, а момчето младо ѓаче, младо ѓаче, младо (Стојче). * Мома се љула, момче гу гледа, момче гу гледа од висок чардак. Ем си гу гледа, ем Бога моле, Скрши се гранко, гранко трухливо (суво) скини се јуже, јуже кирливо да падне мома у мои скути, да ву измрсам русите коси, да ву искарам црните очи, да ву истрошим равната снага. * - Девојче, црвен трендафил, от трендафил си по црвен, умирам да те целивам. - Умирај, лудо, премирај, ти мене слика не си ми, мене е слика млад Стојче, Мене ме мама не дава, јази с’м још малечка, јази с’м још галена. А момче ву говоре: -Ако си, моме, малечка, ако си моме галена, јаз ќе те чувам как мама, и од мама ти поарно. А девојче му говоре, - Ој море лудо, та младо, ти ќе ме чуваш как мама, как’в си луд делија. * Мома лие рамни двори, лила, лила, све аз бисер, туј помина лудо младо: -Дај ми, моме, два драм бисер, колко сакаш ќе ти плату, да навезеш кондурите. А мома му говореше: - Ајде од туј лудо младо, тизе мене слика не си, јазе тебе не те зимам, мене слика млади Стојче. * Бре девојко ердамлие, ердамлие, едалие, не се шетај спрема мене, спрема мене сиромаа, немам пари да те купам. Изгоре ме, запали ме, јутре кидем на Стамбола, ке спечалам дробни пари, дробни пари, све алт’ни. Па ке дојдам да те сакам, од татка ти, от мајка ти. Од записите на Ефрем Каранов. (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан