Обичаи и верувања
- Свадбени песни од Зборникот на Миладиновци (Од Струга) Кога ја месет сваќата у девојката Свила се лоза винена, околу града Легена, не била лоза винена, туку ми била девојка, околу браќа се
28 март 2021 (МИА)
Свадбени песни од Зборникот на Миладиновци
(Од Струга)
Кога ја месет сваќата у девојката
Свила се лоза винена,
околу града Легена,
не била лоза винена,
туку ми била девојка,
околу браќа се виет:
„Откупи мене, браке ле!
Јас не сум ск’по ценето,
за двесте триста грошеи.“
Кога да месет сважата у зетот
Пуштит Биљка по бела Босиљка:
„Дојди, допјди бел Босиљче моје!
„И да дојдам, к’де ќе те најдам?“
„Ќе ме најдиш мајкини пазуи,
ќе ме најдиш таткои скутеи,
ќе ме најдиш братои дворои.“
Друга
Заиграло јунакоо срце,
како вино во стребрена чаша,
как ракиа во златна викиа,
дур да појдит в девојкини дворје.
дур да видит девојкини татко,
дур да видит девојкина мајка,
како одит, како рубо носит.
Друга
Пушта, допушта јуначе:
„Девојче, море девојче,
аљ је везана ризата?
„Јуначе, море јуначе,
и је везана и не је,
малку ми сфила не фтаса,
сите свилари обидоф,
нигде си свила не најдов.“
Пуштат дипуштат девојче:
„Јуначе, море јуначе!
Али је коан прстено?“
„Девојче, море девојче!
И ми је коан и не је,
сите златари обидоф,
нигде си злато не најдоф.“
Друга
Префрлила ми се к’пина,
преку висока планина,
та не ми беше к’пина,
туку ми беше девојка,
на мрамор камен седеше,
со русо момче зборвеше,
русо му перче чешлаше,
руси мустаки сучеше.
Друга
Плела мома босилкои јасли,
ми и клала по рамни двореи,
да наврзит от сватои коњи.
Плела мома копринена мрежа,
ја фрлила по бела Дунафа,
улоила риба златокрила,
ја испекла во злата тепсиа,
ја ставила на чесна трпеза,
на трпеза пред чеснего кума.
Друга
„А излези девојкина мајка,
зет ти идет како сиви сокол,
и ти идет два рала сватои,
к’де коњи ќе и наврзиме?“
„Широки се девојкини дворје.“
Друга
Спливнал елен по море да пливат,
на рогои шарен одарт носит,
на одар је постеља послана,
на постеља терзии седее,
девојке је прстени којее.
Верувања и суеверија: Толкување на соништа
ЗМИЈА ДА ВИДИШ ДА ТИ ВЛЕЗИ В КУЌИ И ДА ТИ ОСТАНИ ВО КУЌАТА, ЌЕ ЗЕМИШ СНАА АЛИ НЕВЕСТА ЛОША КАКО ЗМИЈАТА
Откоа го оженив Ордана, новата ми снаа до нејколку месеци се покажа баеги арна, арно ама до после излезе лоша, што од змијата што ја виде на сон Марија излезе многу полоша.
- Еј Марие, еве на што ни излезе змијата што ја виде ти на сон што ни влезе в куќи – је велам на Марија и на жената ми многупати коа да ја напаѓа новата ми снаа домаќинка ми ич за ни заошто, макар и Марија.
Ете на ошто ни излезе тој сон од Марија со таа пуста змија што ја виде на соно: да ја имаме сега најаве.
ВО СТУДЕН СНЕГ ДА БРКАТ ЗАЈАЦИ НЕКОЈА ЖЕНА И ДА ВАТИ НЕКОЈ ЗАЈАК, ЌЕ ЗАЧНИ МАШКО
Снаа ми Марија кога остана тешка на Борис, видела еден сон како да имало еден снег во дворо наш и во снего имало две бели зајаќиња кај туку и бркаса синој ми да и ватат зајачињата. При се што трчале синој ми, не можеле да и ватат чунки не можеле да трчаат низ снего. Гледајќи снаа ми кај трчаат синој ми се пуштила низ снего да и ваќат зајачињата. Едно трчање низ снего и толку лесно је се чинело да трчаат, што како да летале низ снего, и беше ти го ватила едното зајаче и си го зела дома.
Откоа се разбудила, го запаметила соно и на деветте месеци си го роди Бориса. Денеска траи седум осум месеци, се поеќе болно и неолно. Снего штпо газела на соно Марија, тој бил болеста која има Борис. Така верува снаа ми.
СТАРЕЦ ДА ТЕ ПРЕПАШЕ СО ПАВТЕН ПОЈАС
Мајка ми ми прикажуаше за еден сон што беше видела кога останала тешка со мене. Еве каков сон беше видела: како да беше и се претставил еден стар чоек пред неа и озваил од една торба едно рало павти стребрени, та и рекол:
- Покрени си рацете Маријо, малце нагоре, да ти и опашам павтиве.
Веднаш мајка ми си и кренала двете раце, и му и опашал павтите стариот.
- Ај, со здравје да си и носиш, маријо – е рекол старио – и векоити да ти сет.
Откоа и опашал павтите старио, си ошол од пред мајка ми, а пак мајка ми, коа се видела со нови пагвти подарена, бели како снег, од радос ќе излетала и со таа радос се разбудила и се побарал дури со раце преку полојната, да не нешто вистина да и се павтите опашани. Тукуречи уште од тој ден веќе се сетила оти е несама.
По некој ден дошла мајка и на гости и е го кажала сонот што го вифела пред два-три дни. КОа чула мајка е, се изнасмеала и рекла:
-- Е лели стар чоек ти подаро нови павти, ќерко Госпо ќе те даруа со машко дете.
Кога и чула мајка тие зборои одф мајка си, наздраво веќе се уверила оти машко дете ќероди. Ид радос што је било на мајка ми, на сите другачки им го казала тој сон, и сите ја радуале и ја уверуале оти машко ќе родит.
И за чудење големо на мајка ми, и се родив јас. Ете павтите на сон бакшиш земени на ошто е излегло на мајка ми, Бог да ми а прости кај починала.
Дури беше жива мајка ми, многу пати се спречкуавме за некој сонои што видуаше таа, и откоа ќе ми го кажеше соно, ќе ми го распраеше на што ќе излезит. Н веруајќи јас во сонои, и го расипуав и не и го потврдуав, и тогај ќе ми го прикажеше соно со павтите и друзи некој сонои што и се исполниле.
ЖЕНА ДА ВАЌА ЛАСТОИЦА НАСОН, ЖЕНЦКО ДЕТЕ ЌЕ ЗАЧНИ
Снаа ми Марија, кога останала тешка со ќерка је Панда видела еден сон како да беше и дошпле двеластојци дома и станала да и ваќа; син ми Коста, син ми Орданни син ми Спасе и тие трчале низ соба да и ваќаат ластојците, арно ама никој од синој ми не могле да ватат нити една ластојца, ами една беше ватила Марија и многу се израдуала кога ја ватила.
Со тој сон се разбудила и на деветте месеци си роди девојче и сега и је живо, големо до девет години.
СААТ НА ГУША ДА НОСИ НЕКОЈА ЖЕНА И ВЕНЕЦ НА ГЛАА, ДЕВОЈЧЕ ЌЕ ЗАЧНИ
Пред да остани тешка снаа ми на второто девојче Надежда, се видела на сон со еден саат на гуша, со едни позлаќени ќостеци, многу лични; а пак на глаа носела еден невестинцки венец, и тој многу личен, со едни цвеќиња пропуштени и тие убаи. Коа се видела така, многу се радуала на соно и со таа радос се разбудила и на деветте месеци је се роди Надежда.
ДА СОНУАШ КАКО ДА ТИ ТРААТ ДЕЦАТА
Пред 14-15 години на Д. кондураџијата не му траеле децата: неколку деца што му се родиле – му умреле. Тешка бидејќи невестата му, видел еденс он Диме како да беше се нашол во гр. Битола и шетал низ чаршија со едно девојче ватено за рака, ама девојчето како тоа да било (негоото), како не тоа не паметуа како кое девојче да било. Одејќи низ чаршија, еве му го мајсторо негов што беше го учил на занаат. Се виделе и јако се поздравиле. Ош-беш сториле и му рекол мајадтор му да му повели да појди дома кај мајсторицата му да се видат.
- Пеку, мајсторе – беше му рекол - лели дојдов овдека, и да не ме каниш, јас ќе дојдев у вас дома за да се видам со тебе и со мајсторица ми.
Така велејќи му Диме намајстора си, си ја опраилм за кај мајсторав си си и је отишол дома. Го пречекала, се здравуале и го прашала за девојчето што го водел Диме за рака чије је, али негоо, алиод некој роднина. Без да је кажи Диме чије је девојчето што го нодси за рака, је казал оти две-три деца што му дал Господ во тие неколку годиње, ни едно не му затрајале и сега му била тешка жената му.
- Сме чуле, Диме, му рекла – оти ти умреле и сме те жалиле, ама нема што да ти сториме. Ако скааш Диме, да ти затрајат децата што ќе ти дајт Господ, да си го побараш старио Нунко, да тио и крштаа. и биди уверен оти ќе ти затрајат.
на тие зборои се разбудил Диме и сио сон беше го запамењтил саде за ќеф и баеги беше се замислил на тој сон. Сторил ниет да је кажи на мајка си, арно ама мајка му ќе се смеи, ќунки Диме до тогај никаков сон не веруал, и се смеел на мајк аси кога да му кажела таа некој сон. Нејсе, се затрајал Диме за дури му роди жената му девојче. Сега требало да се крсти девојчето и сторил ниет да го поверуал сонот и да го бара старио нунко, арно ама трребало даи кажи на мјка си, та таа да му кажи кој јет старио нунко. Видел-невидел, је кажал на мајка си, и таа му и кажала старите крштелици, во село Дреновци кај што жвееле, та си и поканил Диме и тие векил на сториле сестра нивна, што била во с. варош мажена. Ја поканиле неа и му го крстила на име Парашкево. Му крстила уште две-три деца и даде Госпо од тој саат му затраија децата.
Од записите на Марко Цепенков. (Подготви Марко Китевски)