• понеделник, 23 декември 2024

Обичаи и верувања

Обичаи и верувања
Oбичаи и верувања 2 септември 2017 Преданија и легенди Четворица свети браќа Они биле четворица браќа.четворица биле. Јаќим Осоговски, Прохор Пчињски, Гаврл Лесновски, и Св. Јован Рилски. Четворицата браќа живееле заеднички во Осоговието. Си живеели во една пештера. По едно време им се јавил на сон, сигурно је бил некој светец и рекол: „Вие четворицата браќа, да фаќате четири страни да се разнесете на четири страни и там да се испоснувате, там да држите религијата. И они са решили еденд ен рекле: „Ајде да се раставимо, да не живееме више заеднички“. И така се разнеле сите. Јован Рилски ојде во Рила планина, Св Јоаким овде је дојдел во Осоговието, Прохор Пчињски ојде во Пчињски рејон и Гаврил Лесновски во Лесново. И од тогаш како са умирале така се наричали светии. Е овде наш Св. Јоаким што е, живеел до неговата смрт, но ретко је сакал да се јавува на јавност. Бидувале овчари и ловџии. Овчари така су му приоѓале: „Дедо Јаќиме, нешто да ти помогнеме, да ти дајмо лебец, ако си немаш?“ Давали су му, вадили од торбичката, давали му и заминували са. Секој си гледал својата работа. Крале Марко светец со Божја сила Крале Марко требе да је змео со Божја сила. Змеови, тија се светци, прописни луѓе, ами со Божја сила. И за тоа се примнати од Бога. Много се лични. Грд али грдомасен змео не мож’ да биди. Сите се лични, убави, како сам Господ! И Марко је бил личен, убав, та не можеше повеќе да биди! И тије старите змеови, од преди Марковото време и тије се од мајка родени, не се од земја. И во нашето место, во Маријово има родено змео. Маријовски змео је роден во Пештани, дамно време уште кога Марко одеше со Господ по земја. Не го виделе кога се родил, и он ошол во езеро да живеје. Змео вака се раѓа. Некоја чупа да остане тешка, ами да је праведна, како Богородица, со Божја сила, и ќе се роди змео. Ако пак некоја жена од змео остане тешка, змео ќе се роди, ако ја машко; а ако је женско, самовила ќе биди. Змео светец ќе биди, а самовила светица; ќе имат Божја сила и ќе идат кам Бога. Уште кога ќе се роди змео крилја има, инако човек како сите луѓе. Ами за шес недели човек да не го види, ни од куќа некој домашен да не го види. Угу мајка му да го знаје детето, друг никој. Мајка му да го гледа, да го капи и да го рани и на шеста недела тоа ќе летва веќе. Ако го види човек до четриријесе дена тој змејче ќе умри. А после нема да умри никогош, довек ќе живеје, оти Божја сила има, за тоа и Краље Марко не је умрен, се вознесол кам Бога. Кога летва змео право во јоблаци ќе оди, а во езеро ќе живеје, ќе помага на јоблаци дож да врни, таласи да креват, ќе се капи во езеро и сила ќе тера. На змеови помагат самовили, тије се побратими и посестрими. Змеови имаја голема јуначка сила, Божја сила, и затоа Бог ји примнал кај него. И Краље Марко, јунак над јунака, вистина је змео! Тој умрен не се поменува. Он сам је зел Божја сила, пил бесмртна вода, орлова вода, теја вода што нема умор. Бесмртна вода има некаде, до некој крај на самовилски рид каде се бијет два кам’на два рида кај што се састават. Од тој извор, од бесмртна вода, човек вода да се напије, тој нема да умри, ќе има Божја сила, ќе биди змео. Бесмртна вода угу орлите ја знаат орлите ја пијат, друг никој не мож’ да ја најди. И орел умор нема. Од бесмртна вода, од неја Крале Марко вода се напил, и денеска уште је жив во Божјата сила! А Крале Марко много силен, со јуначка сила је прошол до бесмртна вода, ја нашол таја вода и ја пил, за тоа Божја сила си има, бил јунак над јунака и за тоа уште је жив, нема да умри. Краље Марко је примнат од Бога со сила. Марко и Свети Илија угу тије двајица светци, се ошле живи на Бога. Некој пат си шетал Краље Марко со Господ по земја, а сеа си седи кај Бога на оној свет. Коа ќе дојде времето, Краље Марко јопет ќе си дојди кај нас, на земја, да си види есапо. Марко Крале и самовилското млеко Кралевиќ Марко пасел волови, воловарче бил. Ама као најслабо дете воловарите сите го тепали и го терали да им враќа воловите од кај што им бегале. Кралевиќ Марко отишол, имало еден брес голем и уз бресто нагоре една змија од пепељавиците, лута змија уз бресто нагоре иде. И Кралевиќ Марко со стапо, таанге - ја отепуе змијава. Ама, у тој брес самовилите имале гнездо и тамо имале деца, самовилчиња. И таа змија им ги поништавала децава. Кога ја отепал змијата и самовилата долетала отаде. Коа гледа - змијата ја отепал Кралевиќ Марко, децата и ги спасил. И му рекла на Кралевиќ Марко: - Марко, што сакаш бакшиш, што ми ги спаси децата од оваа клета змија? А Марко прибидејќи го тепале сите деца, рекал: - Не сакам ништо. Сите деца ме тепат. Сакам да бидам јунак, и да ги ја тепам нија! И она рекла: - Оди вамо! - Откопчала елечето. - Оди, цицни малку од мене! И он дошал, цицнал малце. - Оди онаа дрво заклати го, да видиме моеш ли да го извадиш! Он отишал, го фанал дрвото, заклатил лево, десно. Ништо. Не мож да го извади. - Оди, уште малку цицни! Уште малку цицнуе. Оди сега Марко, фаќа га дрвото од корењ као прат го фрља настрана. - Доста ти е таа сила! И го пушта. Коа децата после отидуат тамо кај нив, некое време се пружи да го тепа. Кралевиќ Марко фани го со една рака, го фрла као партал дваесе метра таму. И Кралевиќ Марко одтука станал јунак од таа самовила што цицинал млеко. (Подготви Марко Китевски)

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан