Обичаи и верувања
- Лечење со билки Според македонски лечебник Главобол Аште кого боле глава најди спориш, свари лози, мешај ја тури и цели се. Очебол Кому играат очи да пиет божурово семе прет сонце 40 ден
17 март 2021 (МИА)
Лечење со билки
Според македонски лечебник
Главобол
Аште кого боле глава најди спориш, свари лози, мешај ја тури и цели се.
Очебол
Кому играат очи да пиет божурово семе прет сонце 40 дена секи ден.
Од очобол кромит огули...
Ушебол
Аште боли уши од диви тикви корење у воду и шарлаган капи во уши.
Аште околу уше биде козја крв и маткино масло измешај и сипи во уво и глогово корење стуци и пи со вода и морачово корење и пи с вода и вино.
Ако бучи ухо стуци капиново лисје и вино мешај с мет и зејтин и згреј го и капи од гуска сало неслано, растопи и капи.
Од глухота од свина млеко и от бел кромит вода капни во ухото.
Кого го болит уво от гуска сало вари со кромит и сипи во уво болес таму.
Грло
Кого боли грло јачменов (?) прас со зејтин и наложи на грло, анте ли у грло меур зрно пелин столчи, изм,ешај итерак и пипер и ложи грло...
За меур у грло црн пелин столчи, полата смешај со тирак (штирак) и пипер и положи на грло...
От која буба (?) застопи козја лој, мажи по грлото и бршлен носи со себе харно е.
Забобол
Бел кромид и три зрна да кладеш у тула жешка у леген зави се арно да иде парата врз тебе.
От засип човеку лук и кромит со оцет да земат от кромит да пиет со мет да јадит.
Уста
Егда смрди уста копитјак свари с вино и држ трендафил сув, сожежи га, истрлај го како брашно.
Егда смрдливи заби трендафил сотри исип у заби.
Срце
Кој има болес на срце вари од манан (македан) корен со семето и густо како каша пие и да јаде.
Кому спаднало срце изгори от лоза трат, кади се.
Бодеж-дупеж
Од бодеш рен и лук и пипер и мет да измешаш каде го боли многу пати.
Стомак
Кој има на запорна жила меур земај на лозу и свари со вино и пи корен запор (?), истолчи го со вода.
Гради дишење, кашлање, задух
От кашлица мет и кромид пресечи и печи да јаде три пути по три на ден.
От задух бели лук и ракија измешај и свари и јади три дни навечер.
Жолтица
От жутица божур кому крви течат (проодамо?) растуци корен с вино да пие и негово семе три зрна растуци и дај человеку.
Краста
От краста секаква, бешланово лисје и бадемово масло и сол и вино пржи, лана у аван и солта с водата наедно мешај и мажи.
Од книгата „Македонски лечебник од 19 век“, приредил Драги Стефанија, Скопје 1985. (Подготви Марко Китевски)