• среда, 25 декември 2024

Нуно го напушта Вулверхемптон

Нуно го напушта Вулверхемптон
Вулверхемптон, 21 мај 2021 (МИА) - Англискиот прволигаш Вулверхемптон соопшти денеска дека тренерот Нуно Еспирито Санто го напушта клубот на крајот од сезоната од која преостанува да се одигра уште последното коло. Како што се наведува, клупската управа и португалскиот тренер спогодбено се договориле да стават крај на соработката - Од првиот ден на моето доаѓање на „Комптон“, амбицијата беше да направиме позитивни промени и да го туркаме клубот напред, и горд сум што можам да кажам дека тоа го работевме секојдневно. Нашите цели ги остваривме, тоа го постигнавме заедно и со многу страст, изјави Нуно за клупскиот сајт. Вулверхемптон е 12-ти на табелата пред последното коло во Премиер лигата во кое в недела го пречекува Манчестер јунајтед. ег/ми/

Остани поврзан