• среда, 27 ноември 2024

Нуланд во посета на Грција

Нуланд во посета на Грција
Атина, 5 април 2022 (МИА) – Со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас, попладнево ќе оствари средби во Атина заменичката -државен секретар на САД Викторија Нуланд, која е во посета на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчкото МНР, ситуацијата во Украина по руската инвазија, стратешкото партнерство во сите области меѓу Грција и САД, како и случувањата во Источниот Медитеран се очекува да бидат во фокусот на разговорите на Дендиас и Нуланд Од Стејт департментот соопштија дека Нуланд, од 2 до 9 април ќе ги посети Франција, Турција, Грција, Кипар и Германија за „дополнително зајакнување на билатералните односи, нагласување на обединета поддршка за Украина и координирање на одговорот на неиспровоцираната војна на Руската Федерација“.ср/

Остани поврзан