• сабота, 23 ноември 2024

НСДП: Пендаровски има став за сите прашања и јавно и јасно го соопштува на граѓаните, за разлика од противкандидатите

НСДП:  Пендаровски има став за сите прашања и јавно и јасно го соопштува на граѓаните, за разлика од противкандидатите

Скопје, 22 април 2024

НСДП ги повикува граѓаните масовно да излезат во првиот круг на претседателските избори на 24 април во среда и да го дадат гласот за просперитетна држава и европска иднина, да гласаат за нашиот претседател, да гласаат за бројот 1 за Стево Пендаровски.

Пендаровски во изминатите пет години покажа дека е државник кој има знаење, умешност и визија да донесува државнички одлуки за меѓународното интегрирање на државата и обезбедување на стабилна иднина на граѓаните на Република Северна Македонија.

Стево е претседател во чиј мандат Северна Македонија стана полноправна членка на НАТО, претседател со став за сите битни политички прашања, претседател во чиј мандат државата ќе стане членка и на Европската Унија доколку ја добие поддршката на 24 април и на 8 мај.

Единствен од кандидатите за претседател кој има став за сите прашања и јавно и јасно го соопштува на граѓаните, за разлика од противкандидатите.

Стево Пендаровски е човек за кој највисоки вредности остануваат слободата и демократијата и како Нова социјалдемократска партија (НСДП) сметаме дека заслужува да биде избран по вторпат за претседател на државата.

Во среда на 24 април да се определиме за иднината, да го дадеме гласот за претседател со кој ќе се гордееме, да гласаме за бројот 1, за СТЕВО Пендаровски.

 

Нова социјалдемократска партија (НСДП)

 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан