• вторник, 03 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Нојер собори рекорд на Швајнштајгер

Нојер собори рекорд на Швајнштајгер

Дортмунд, 30 јуни 2024 (МИА) - Голманот Мануел Нојер ја сочува мрежата за Бундестимот во победата од 2:0 над Данска во осминафиналето на ЕП 2024.

Тоа беше негов 19. натпревар на Европските првенства. Така Нојер го подобри досегашниот рекорд на Бастијан Швајнштајгер за најмногу мечеви за Германија во европските завршници, кој веќе заостанува зад него со одиграни 18 меча.

Покрај тоа, Нојер собра 38 настапи за својата земја на големите првенства. дс

Фото: Архива

Остани поврзан