• среда, 21 август 2024

Нојер планира да ја продолжи кариерата во германската репрезентација

Нојер планира да ја продолжи кариерата во германската репрезентација

Берлин, 20 август 2024 (МИА) - Голманот Мануел Нојер планира кариерата да ја продолжи во германската фудбалска репрезентација, пишува весникот „Билд“. Така, тој нема да ги следи останатите ветерани Тони Крос, Томас Мулер и Илкај Гундоган, кои се пензионираа по завршувањето на Европското првенство.

Доколку остане во репрезентацијата, Нојер најверојатно ќе ја преземе капитенската улога од Гундоган. Голманот играл со лентата 60 пати во Бундестимот, заостанувајќи само од Лотар Матеус, кој беше капитен на Германија 75 пати на 150 меѓународни натпревари.

Џошуа Кимих е најголемиот ривал на Нојер за лентата, бидејќи досега беше заменик капитен и цврст стартер во тимот на Јулијан Нагелсман. За Германија има 91 натпревар.

Според „Билд“, Нојер најверојатно ќе го пропушти натпреварот од Лигата на нации против Унгарија на 7 септември, како и три дена подоцна со Холандија, бидејќи планира да се одмори. Сепак, тој има намера да се врати во репрезентацијата кон крајот на годината.

Откако Крос и Мулер се пензионираа, Мануел Нојер останува единствениот претставник на тимот што го освои Светското првенство во 2014 година. дс

Фото: Архива

Остани поврзан