• петок, 26 јули 2024

Нормализиран сообраќајот на патот Неготино - Штип  преку превојот Серта

Нормализиран сообраќајот на патот Неготино - Штип  преку превојот Серта

Скопје, 18 јули 2024 (МИА) - Од 20.50 часот вечерва е нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Неготино - Штип  преку превојот Серта, во двата правца и за сите видови возила, соопшти  Автомотосојузот на Македонија. 

-На регионалниот пат Р1 103 Неготино-Штип, кај крстосница 20км – Неготино преку превојот Серта е нормализиран сообраќајот за сите видови возила, во двата правци, соопшти АМСМ.

Патот беше затворен поради  активен пожар и заради безбедност на учесниците во сообраќајот.

АМСМ во понеделникот, 15 јули, информираше дека сообраќајот на регионалниот пат Неготино – Штип, кај село Пепелиште, од истиот ден во 16:15 часот, е во прекин за сите видови возила, во двата правца. хс/нд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан