• понеделник, 29 јули 2024

Нов пожар во бегалскиот камп Мориа на Лезбос

Нов пожар во бегалскиот камп Мориа на Лезбос
Атина, 9 септември 2020 (МИА) – Од засега непознати причини, во бегалскиот камп Мориа на грчкиот остров Лезбос, вечерва изби нов пожар, во два различни делови кои не претрпеа штети во синоќешниот пожар, јави дописничката на МИА од Атина. Бегалците и мигранти, чии шатори вчера не беа зафатени од пожарот и останаа во делот околу изгорениот прифатен центар, сега го напуштаат просторот за да се спасат од огнените јазици. Меѓу оние кои заминуваат од Мориа се и голем број семејства со мали деца. ср/ссм/

Остани поврзан