• сабота, 21 декември 2024

Нов лек за мамурност и пијанство

Нов лек за мамурност и пијанство

Цирих, 28 мај 2024 (МИА) - Кога се говори за „превенција и третман“ на пијанството и мамурноста, постојат многу идеи, совети, „лекови“... Нo, сѐ тоа, сепак, доста често завршува „со главата под перница“ и реченицата „Никогаш повеќе“!

Затоа, научниците од швајцарскиот универзитетски Федерален институт за технологија во Цирих тврдат дека сега го нашле вистинскиот лек. Станува збор за „хидрогел“ којшто „може да ги намали штетните и опојни ефекти на алкохолот“, велат стручњаците. Овој гел е базиран и развиен на протеини, и е тестиран на глувци. Според наводите, гелот го претвора алкохолот во телото во „безопасна оцетна киселина“, како што вели професорот Рафаеле Мезенга.

- Не само што гелот ќе го спречи влегувањето алкохол во крвотокот, туку го префрла разградувањето на алкохолот од црниот дроб во дигестивниот тракт. За разлика од процесот на метаболизирање алкохол во црниот дроб, штетниот ацеталдехид тука не се јавува како производ од тој процес, појасни Мезенга.

Кај глувците-заморчиња, гелот довел до намалување на алкохолот во крвта за 50 отсто. Овие резултати го убедиле тимот научници дека ќе делува и кај луѓето, иако се признава дека ќе бидат потребни повеќе тестови за усовршување на ова средство против пијанство и мамурност.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан