• среда, 18 март 2026

Нов бран ирански напади врз американско-израелски цели во регионот

Нов бран ирански напади врз американско-израелски цели во регионот

Техеран, 17 март 2026 (МИА) – Командантот на Воздушно-вселенските сили на Иранската револуционерна гарда, Сардар Мусави најави „нова фаза на ефикасни и силни напади во регионот врз американско-ционистичкиот непријател“.

- ’Рбетот на ароганцијата ќе биде скршен на улиците и плоштадите, посочи Мусави.

Иранската револуционерна гарда претходно објави дека денеска спроведува интензивен бран напади врз американските и израелските позиции низ целиот регион, користејќи ракети и беспилотни летала.

Во меѓувреме, израелска армија соопшти дека пресретнала ракети лансирани од Иран. ми/ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан