• петок, 28 февруари 2025

Ново издание на „Клинци“ во Europe House Skopje

Ново издание на „Клинци“ во Europe House Skopje

Скопје, 28 февруари 2025 (МИА) - Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ вечер го организира шестото издание на мултимедијалниот настан „Клинци“ во Europe House Skopje со почеток во 20 часот.

Во рамки на настанот ќе се одржи книжевно читање во кое ќе учествуваат Филипа Сара Попова, Никола Наумовски, Емануела Ковачевска Китановска и Бисера Стефановска. 

Покрај читањето, ќе се одржи и изложба на фотографии на младата фотографка Емилија Трајковска. Модератор на настанот ќе биде Андреј Медиќ Лазаревски.

- „Некои луѓе ќе викнат, ќе крикнат: ‘Младите денес ништо не прават’, ‘Млади бездарници’ или, пак, ‘Денес младите се тапа’. Инспирирани, испровоцирани, поттикнати од таквите мудри изреки, ги започнавме книжевните читања наречени „Клинци“. Секое издание ве запознаваме со четворица автори и авторки кои се дел од младинската книжевна сцена, ве запознаваме со нивната поезија и проза, а секое издание ќе биде дополнето и со изложба!“, велат во најавата за настанот од „Култура Бета“.са/

Фото: „Култура Бета“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан