• вторник, 24 декември 2024

Нови 112 жртви на коронавирусот во Франција во последните 24 часа

Нови 112 жртви на коронавирусот во Франција во последните 24 часа

Париз, 22 март 2020 (МИА) - Во Франција во последниве 24 часа се регистрирани 112 смртни случаи, со што бројот на починатите од коронавирусот се искачи на 674, јави дописникот на МИА.

Според генералниот директор за здравство „87 отсто од оние што починале се над 70 години“.

Бројот на потврдени инфекции е 16.018, наспроти 14.459 вчера, додаде тој. Исто така, денес има недела 7.240 хоспитализирани лица во Франција, од кои  1.746 се сериозни случаи.

-Бројот на заразени  случаи откриени со тест се под бројот на реалните случаи затоа што не ги тестираме сите луѓе со вирус. 9/10 се симптоматски и не знаат дека биле носители на вирусот, рече Професорот Саломон.

-Епидемијата продолжува да се шири и да се влошува (...) Ситуацијата ќе продолжи да се влошува сè додека мерките за задржување не го покажат нивниот ефект, рече професорот Саломон, кој додаде : „Останувањето дома е заштеда на животи“.

Генералниот директор за здравство повтори дека маските се резервирани приоритетно за медицинскиот персонал и оти бариерите остануваат најдобриот начин за намалување на заразата.

Префектот Ален Тирион, генералниот директор за цивилна безбедност и управување со кризи, кој зборуваше по професорот Саломон, потсети дека имало вкупно 91.824 прекршувања на забраната за излегување, од кои дури 22.574 денеска. Полицијата извршила 1.738.907 проверки, од кои  повеќе од 375.000 денеска.

Префектот рече дека санкциите ќе бидат зголемени по објавувањето на законот за здравствени итни случаи во наредните часови. Во случај на повторување во рок од 15 дена, казната ќе се зголеми од 135 евра на 1.500 евра. Во случај на четири прекршоци во рок од 30 дена, прекршокот ќе стане кривично дело: казната може да достигне до 3.700 евра и шест месеци затвор. Општинските полициски службеници се овластени да вршат контроли.

Генералниот директор за цивилна безбедност и управување со кризи, исто така, најави отворање на 1.500 хотелски места и неколку центри за сместување во Париз за „мигранти и бездомници“.тг/сд/

Остани поврзан