• сабота, 23 ноември 2024

Новите министри во грчката Влада положија свечена заклетва

Новите министри во грчката Влада положија свечена заклетва

Атина, 4 јануари 2024 (МИА) – Новите министри и заменици-министри во грчката Влада, по вчерашната мини реконструкција на премиерот Кирјакос Мицотакис, попладнево положија свечена заклетва во Претседателската палата, јави дописничката на МИА од Атина.

Тројцата министри и тројцата заменици положија религиозна заклетва пред претседателката Катерина Сакеларопулу и во присуство на грчкиот премиер, а веднаш потоа во Министерствата за заштита на граѓаните, здравство, труд и образование се одржа церемониите на примопредавање на функциите.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис вчера направи промени во четири Министерства, откако го смени министерот за заштита на граѓаните, надлежен за полицијата Јанис Иконому, кој остана вон владиниот состав, а на негово место дојде Михалис Хрисохоидис од Министерството за здравство. ср/

Остани поврзан