• сабота, 23 ноември 2024

Новата дојава за бомба во училиште во Скопје – лажна

Новата дојава за бомба во училиште во Скопје – лажна
Скопје, 28 октомври 2022 (МИА) - Денешната дојава за поставена бомба во едно училиште во Скопје се покажа како лажна пријава, информира МВР. Од Министерството за внатрешни работи за МИА информираат дека случајот во СВР Скопје е пријавен околу 14 часот, откако на меjл адреса на училиштето е упатена закана за поставена експлозивна направа. - Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и антитерористички проверки, при што е утврдено дека станува збор за лажна пријава. Превентивно се евакуирани и други училишта во Скопје и во тек се детални проверки и на овие објекти, велат од МВР. Ова е трет ден како на меjл се испраќаат пораки за поставени бомби. Во изминатите два дена, по направените проверки од страна на МВР беше утврдено дека пријавите се лажни. сп/

Остани поврзан