• понеделник, 30 септември 2024

Николоски: Продолжуваме со засилено темпо на работа, ќе ја направиме Македонија поубаво место за живеење

Николоски: Продолжуваме со засилено темпо на работа, ќе ја направиме Македонија поубаво место за живеење

Скопје, 29 септември 2024 (МИА) - Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео од реконструкција на автопатската делница Скопје-Тетово.

Инвестицијата е вредна 9,1 милиони евра. 

- Продолжуваме со засилено темпо на работа. Видео од реконструкцијата на автопатот Тетово - Скопје на делот пред Скопје, проект на Јавното претпријатие за државни патишта. Ќе ја направиме Македонија поубаво место за живеење, објави министерот Николоски. цр/

Фото и видео: Александар Николоски фејсбук профил

Остани поврзан