• петок, 30 јануари 2026

Николоски: Одлични вести од Брисел, возачите се прифатени како професионалци

Николоски: Одлични вести од Брисел, возачите се прифатени како професионалци

Скопје, 29 јануари 2026 (МИА) - Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски објави дека Брисел ќе донесе нова стратегија за визи, која ќе значи решавање на проблемот на превозниците што веќе четири дена ги блокираат граничните премини кон шенген-зоната. 

- Само што добив одлични вести од Брисел во врска со огромниот проблем на превозниците од Македонија! Нашите ставови се прифатени. Возачите се прифатени како професионалци. Тоа е она што го баравме. По протестите и силната офанзива изминатиот период, Брисел ќе донесе нова стратегија за визи, која ќе значи решавање на проблемот со кој се соочија професионалните возачи - напиша Николоски во објава на „Фејсбук“ споделувајќи дел од новините. 

Николоски се заблагодарува, како што наведува, до сите пријатели на Македонија, кои помогнаа да се реши овој проблем.

Првичните процени на коморите се дека дневните загуби за регионот од блокадите на границите само кај извозот изнесуваат 100 милиони евра, а се алармира и за последици со недостиг на одредени увозни производи. лв/паг/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан