• петок, 30 јануари 2026

ПС на Советот на Европа го затвори постмониторинг-дијалогот со Северна Македонија - важно институционално признание за напредокот на државата

ПС на Советот на Европа го затвори постмониторинг-дијалогот со Северна Македонија - важно институционално признание за напредокот на државата

Скопје, 29 јануари 2026 (МИА) - Парламентарното собрание на Советот на Европа денеска донесе одлука за затворање на постмониторинг-дијалогот со нашата држава, процес што беше отворен во 2000 година, информира министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Како што истакна Муцунски, одлуката претставува важно институционално признание за напредокот и посветеноста на државата кон принципите и стандардите на Советот на Европа, како и јасна потврда за остварениот напредок во областите на демократијата, владеењето на правото, заштитата на човековите права и односите со соседните земји.

Министерот, како што е наведено во соопштението од МНРиНТ, нагласи дека посебна заслуга за успешно заокружување на овој долгогодишен процес има македонската делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа, предводена од пратеничките Марија Петрушевска и Иванка Василевска, како и Постојаната мисија на Република Северна Македонија при Советот на Европа.

Одлуката, како што посочи Муцунски, претставува значаен успех и недвосмислена потврда за посветеноста, професионализмот и за ефективноста на македонската дипломатија во унапредувањето и заштитата на темелните европски вредности. дма/вг/

Фото: МНРиНТ

Остани поврзан