30 јануари 2026
Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе учествува на настанот во организација на „Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Еразмус+", кој ќе се одржи на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, каде што ќе се објават програмските приоритети за 2026 година. (Економски факултет при УКИМ - Скопје, Амфитеатар 2/12:00, изјава за медиуми/12:30)
Скопје - Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, директорот на Земјоделскиот институт-Скопје, Душко Неделковски, амбасадорот на Словенија, Грегор Прескер, и заменик-шефот на мисијата во Амбасадата на Швајцарија, Михал Харари ќе се обратат на прес-конференција посветена на Саемот за туризам - рурални домаќинства во Македонија и производители на органски производи. („Јавна соба“/11:00)
Скопје - Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа ќе одржи брифинг за медиуми. (МЖСПП/11:00)
Скопје - Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе одржи брифинг со предметната обвинителка во врска со одлуките во предметите за полициските службеници осомничени за пожарот во Кочани. (ОЈО ГОКК, ул. „Григор Прличев“ бр. 1 /13:00)
Скопје - Прес-конференција на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов. (Работнички дом на ССМ, 10 кат/10:30)
Скопје - Прес-конференција на Здружението на приватни гинеколози и акушери. (Пред Министерство за здравство/12:00)
Скопје - Виолинистката Пламенка Трајковска премиерно ќе го претстави видео записот од најновиот сингл со наслов „Гласот на патувањето - Балканска песна бр.14“ . ( на јутуб каналот на Трајковска /10.00, на следниот линк https://youtu.be/U5_UKCZUsEI )
Скопје - Избор на најдобри македонски каратисти во традиционално карате за 2025 година. (Универзитет „Скопје“/13:00)
Скопје - Меѓународен женски ракометен турнир „АТЛЕТИК И ПРИЈАТЕЛИТЕ”. (СЦ Јане Сандански (мала сала/16:00/18:30)
Скопје - Свечено отворање на концертната сезона 2026, со концерт на Националниот џез оркестар со гудачки ансамбл. (Македонска филхармонија/20:00)
____________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***