• петок, 05 декември 2025

Николоски: Масовно излезете во Битола за Тони Коњановски да ги добие изборите во првиот круг

Николоски: Масовно излезете во Битола за Тони Коњановски да ги добие изборите во првиот круг

Скопје, 14 октомври 2025 (МИА) - Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски вечерва повика на масовна излезност во Битола, за актуелниот градоначалник и кандидат за втор мандат Тони Коњановски, ги добие изборите уште во првиот круг.

- Масовно во Битола! Оваа бројка покажува дека победата ќе биде голема уште во првиот круг! Градоначалникот Тони Коњановски влегува во овие избори без ниту еден скандал и ниедна корупциска афера.Потребна е масовна излезност за победа во прв круг, за да се продолжи во правилна насока!, напиша Николоски на својот фејсбук-профил. ир/аа/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан