• сабота, 23 ноември 2024

Николовска: Изгласан новиот закон за употреба на македонскиот јазик

Николовска: Изгласан новиот закон за употреба на македонскиот јазик

Скопје, 27 јануари 2024 

Прес-конференција, Даниела Николова, пратеничка на СДСМ

Почитувани, 

СДСМ го шити и унапредува македонскиот јазик. 

Во македонското Собрание пратениците го усвоија Законот за употреба на македонски јазик. 

Се прошируваат областите во кои задолжително се употребуваат македонскиот јазик и неговото кририлско писмо. 

Законот предвидува задолжително лекторирање на сите материјали, но и обврска за задолжително вработување на лектори по македонски јазик во сите јавни институции и органи на владата. 

Го зајакнуваме инспекцискиот надзор, се основа Инспекторат за примена на македонскиот стандарден јазик. 

Преземаме и конкретни мерки за зголемување на интересот кај младите да го изучуваат македонскиот јазик. 
Создаваме можности за доделување стипендии на студентите кои студираат на Катедрата за македонски јазик. 

Грижата и негувањето на македонскиот јазик е одлика на СДСМ. Македонскиот јазик денеска е признат во Обединетите нации, а со потпишување на Договорот со Фронтекс тој стана дел од јазиците кои официјално се користат во Европската унија. После 24 години, обезбедивме можност за 16 вработувања, од кои 13 научници, магистри и доктори на науки во Институтот за македонски јаик. 

Со буџетски средства ја поддржавме дигитализацијата на сите картотеки во Институтот за македонски јазик, за трајна заштита на околу 5 милиони вредни записи на македонски текстови. 

Го поддржавме и проектот за дигитализираниот „Толковен речник на македонскиот јазик“. Дигитализиран е и Правописот на македонски јазик. 

СДСМ со своите резултати и мудри политички одлуки обезбеду ефективна заштита, негување, промоција и афирмација на македонскиот стандарден јазик!  

Прес-конференција, Даниела Николова, пратеничка на СДСМ

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

ФОТО: СДСМ

 

 

Остани поврзан