• среда, 04 декември 2024

Низа свечености по повод Меѓународниот ден на Ромите во Делчево

Низа свечености по повод Меѓународниот ден на Ромите во Делчево

Делчево, 5 април 2023 (МИА) - Општина Делчево организира низа свечености по повод Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април. Во рамки на планираните активности ќе бидат доделени традиционалните награди на најдобрите ученици Роми од Делчево, а предвидена е и Културно-уметничка програма за презентирање на ромската култура и традиција.

-Свеченоста ќе се одржи на 6 април, четврток, со почеток од 13.00 часот во фоајето на Спомен-домот АСНОМ. Во рамки на настанот ќе бидат доделени традиционалните награди на најдобрите ученици Роми во трите образовни институции во Делчево. Потоа ќе следува изложба на ромска носија, презентација на ромска трпеза во организација на НВО „Тернипе-МК“, како и  културно-уметничка програма подготвена од учениците од ПУ„Св.Климент Охридски“ село Тработивиште и ООУ „Ванчо Прке“, информираа од Општина Делчево.
 
Во соработка со НВО КХАМ Делчево, како локална канцеларија на Младински образовен форум (МОФ) Клуб за дебата, по повод 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите, исто така се организира дебата на тема „Овој дом верува дека Ромите во Македонија не се дискриминирани“. 
-Дебатата ќе се одржи на 07.04.2023 во Конгресната сала во СОУ „М.М.Брицо“со почеток во 13:00 часот, додадоа од Општината.
 
Во рамките на свеченоста ќе бидат презентирани и актуелни проекти кои Општина Делчево ги реализира преку Програмата за поддршка за имплементација на Декадата и Стратегијата на Ромите. вс/дма/
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан