• сабота, 23 ноември 2024

Димитриевски победи во Куманово, Таравари со тесна победа во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош

Димитриевски победи во Куманово, Таравари со тесна победа во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош

Скопје, 25 април 2024 (МИА) – Од тројцата актуелни градоначалници кои се кандидираа за претседател на државата само двајца добија најголем број гласови во општините каде се градоначалници - Максим Димитриевски во Куманово и Арбен Таравари во Гостивар, додека Стевчо Јакимовски во Карпош освои само шест проценти од гласовите.

Во општина Куманово најмногу гласови освои Максим Димитриевски 14.286 (30,16%). По него, следи Гордана Сиљановска Давкова со 11.982 гласови (25,29%), Бујар Османи со 6.203 (13,09%), Стево Пендаровски со 7.399 (15,62%), Арбен Таравари со 4.325 (9,13%), Билјана Ванковска со 1.814 (3,83%) и Стевчо Јакимовски со 238 (0,50%).

Градоначалникот на Гостивар и кандидат за претседател на Коалицијата Вреди, Арбен Таравари во општина Гостивар освои 9 895 гласа (33,47%), само 75 повеќе од кандидатот на ДУИ Бујар Османи, кој доби  9.820 гласа (33,22%).

Во општина Гостивар Гордана Сиљановска Давкова освои 5.580 гласови (18,88%), Стево Пендаровски 2.464 гласа (8,34%), Максим Димитриевски 709 гласови (2,40%), Билјана Ванковска 302 (1,02%) и Стевчо Јакимовски - 70 (0,24%).

Градоначалникот на Карпош и претседателски кандидат на ГРОМ Стевчо Јакимовски, пак, освои само 6 проценти или 2 143 од гласовите во оваа општина, каде дури четворица кандидати за претседател имаат повеќе гласови од него, меѓу кои Ванковска со 3 089 гласа и Димитриевски со 3 974.

Најмногу гласови во општина Карпош има Гордана Сиљановска Давкова - 14.482 (41,49%), по што следи Стево Пендаровски - 9.130 (26,15%), Максим Димитриевски - 3.974 (11,38%) и Билјана Ванковска Цветковска - 3.089 (8,85%), Бујар Османи - 602 (1,72%) и Арбен Таравари - 483 (1,38%).

Во општина Чаир каде градоначалник е Висар Ганиу од Коалицијата Вреди, најмногу гласови освои кандидатот на ДУИ Бујар Османи 10.999 (40,53%), додека Арбен Таравари има 9.618 (35,44%).

На трето место по бројот на освоени гласови е Гордана Сиљановска Давкова со 2.791 глас (10,28%), по што следи Стево Пендаровски со 1.809 (6,67%). Максим Димитриевски има 440 гласа (1,62%), Билјана Ванковска Цветковска 337 (1,24%) и Стевчо Јакимовски 76 | 0,28% (0,27%).

Во Тетово, каде градоначалник е Билал Касами од Беса, најмногу гласови доби кандидатот на ДУИ Бујар Османи 14.726 | (36,78%), додека Арбен Таравари од коалицијата Вреди околу 700 гласа помалку или 14.030 (35,04%).

Гордана Сиљановска Давкова во општина Тетово има 6.235 (15,57%), Стево Пендаровски 2.387 (5,96%), Максим Димитриевски 969 (2,42%), Билјана Ванковска Цветковска - 576 (1,44%) и Стевчо Јакимовски - 90 гласа (0,22%). аа/са/

Фото: МИА/принтскрин

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан