• вторник, 24 декември 2024

Не ми менува ништо: Мусиала го прокоментира отсуството меѓу номинираните за „Златната топка“

Не ми менува ништо: Мусиала го прокоментира отсуството меѓу номинираните за „Златната топка“

Минхен, 10 септември 2024 (МИА) - Офанзивниот играч за врска на Баерн Минхен и Германија, Џамал ​​Мусиала изјави дека не му менува ништо тоа што не е номиниран меѓу 30-те најдобри фудбалери за „Златната топка“.

-Тоа не менува ништо. Тоа не го менува мојот квалитет и моите цели за оваа сезона. Нема смисла да се размислува за тоа. Фокусиран сум на себе на мојот развој и правам сè за да победам овде со репрезентацијата и со Баерн“, изјави 21-годишниот фудбалер за РТЛ. 

Темата за запоставувањето на Мусиала е нашироко дискутирана во Германија, при што и неговиот клуб и неговиот соиграч од Бундеслигата, новиот капитен Џошуа Кимих го изразија својот бес.

Во меѓувреме, претседателот на Баерн, Херберт Хајнер е последниот кој јасно стави до знаење дека Баварците ќе направат се за да го продолжат договорот со Мусиала. 

Договорот на младиот талент истекува на крајот на јуни 2026 година.

-Сакаме да пробаме се за да го задржиме што е можно подолго. Според мене, тој може да стане новиот Томас Милер и да игра за Баерн во следните 20 години, изјави Хајнер за новинарот на „ТЗ“, Мануел Бонке. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан