„Не користи мобилен телефон додека возиш - секој повик може да почека“ - превентивно-едукативни активности на СВР Тетово
- Полициски службеници на СВР Тетово - Отсек за превенција во содејство и координација со тетовската Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај денеска ја реализираа планираната активност „Не користи мобилен телефон додека возиш - секој повик може да почека“.
Тетово, 3 февруари 2024 (МИА) - Полициски службеници на СВР Тетово - Отсек за превенција во содејство и координација со тетовската Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај денеска ја реализираа планираната активност „Не користи мобилен телефон додека возиш - секој повик може да почека“.
Активностите кои се содржински дел од кампањата на МВР, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност-Скопје се спроведоа во централното тетовско градско подрачје, при што на возачите им беа поделени наменски изработени летоци.
- Покрај летоците со едукативно-информативни совети и пораки, со возачите беа споделени и статистички податоци за сообраќајни несреќи предизвикани токму поради користење мобилни телефони во возење. На возачите, исто така, им се укажа и на законските санкции предвидени за овој вид сообраќаен прекршок и за другите негативни импликации по вкупната безбедност во сообраќајот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Вакви активности предвидени се и на гостиварското подрачје, а нивна основна цел е подигнување на сообраќајната свест и култура на повисоко ниво во функција на подобрување на вкупната безбедност на патиштата во Полог и пошироко. ас/мд/
фото: СВР Тетово