Нетанјаху: Дадов инструкции за преговори за ослободување на сите наши заложници
- Дадов инструкции веднаш да се почнат преговори за ослободување на сите наши заложници и да се заврши војната под услови прифатливи за Израел, истакна Нетанјаху
Ерусалим, 21 август 2025 (МИА) – Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху вечерва изјави дека дал „инструкции веднаш да се почнат преговори со цел ослободување на сите“ израелски заложници во Газа.
Тој посочи дека тоа е одговор на новиот предлог за примирје претставен од посредници.
- Дадов инструкции веднаш да се почнат преговори за ослободување на сите наши заложници и да се заврши војната под услови прифатливи за Израел, истакна Нетанјаху.
Тој додаде и дека се подготвува да ги „поддржи“ плановите на израелската армија за освојување на градот Газа. ми/
фото: ЕПА