Несторовски потпиша за Славен Белупо
- Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски е новото засилување на хрватскиот клуб Славен Белупо.

Копривница, 30 август 2024 (МИА) - Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски е новото засилување на хрватскиот клуб Славен Белупо.
Илија и Славен се договорија за соработка и потпишаа договор до крајот на оваа сезона.
Несторовски доаѓа по кариерата во Италија каде играше за Удинезе и Палермо, а претходно играше за Интер од Запрешиќ каде забележа 35 настапи во ХНЛ.
Како репрезентативец на Македонија, Илија Несторовски досега 52 пати го носеше националниот дрес и 10 пати се запиша во листата на стрелците. дс
Фото: Фејсбук/Славен Белупо