• понеделник, 02 март 2026

Неизвесно враќањето на Стеф Кари на теренот

Неизвесно враќањето на Стеф Кари на теренот

Сан Франциско, 1.март 2026 (МИА) – Првата ѕвезда на Голден Стејт Стеф Кари навести дека неговото враќање на теренот може да биде пролонгирано и да биде подоцна од најавите. Тој има повреда на коленото.

Во интервју во завршницата на дуелот со Лос Анџелес Лејкерс, Кари најави дека наскоро ќе се врати на теренот и дека ќе мора да биде максимално подготвен бидејќи до плеј офот секој натпревар ќе биде исклучително важен. Тој последниот натпревар го одигра кон крајот на јануари, а периодот на лекување трае подолго од проценките со што трае неговата пауза од терените.

Голден Стејт Вориорс со скор 31 победа и 29 порази се наоѓаат на осмото место од Запад. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан