• петок, 05 декември 2025

Незвисниот кандидат за градоначалник на Дебар, Имери, почна теренска изборна кампања

Незвисниот кандидат за градоначалник на Дебар, Имери, почна теренска изборна кампања

Дебар, 4 октомври 2025 (МИА) – Незвисниот кандидатот за градоначалник на Дебар, Рамадан Имери, со кандидатите за советници, почнаа теренска изборна кампања.

- Ја започнав кампањата од врата до врата, за да го испочитувам секој од вас и за да се доближиме уште повеќе еден до друг. Денес е сончев ден, велат сонцето е бериќет, ја грее душата. Верувам дека на 19 октомври сонцето ќе го огрее Дебар, за чиј развој и напредок ќе се залагам максимално, како што тоа сум го правел и до сега, во институциите кои сум ги раководел, објави Имери на Фејсбук.

Додава дека заедно со носителот на листата на советници, Дргим Каја, и со придружната група, ќе ги посетат сите населби за да ги споделат нивните идеи и проекти за наредните черити години.

- Благодарам за топлиот и срдечен пречек од страна на граѓаните. Се обврзавме дека нашата цел е секоја населба во градот да биде вклучена во плановите и задачите што сме ги презеле и ќе ги реализираме. Со конкретна работа, а не со празни зборови, заеднички ќе го издигнеме градот на повисоко ниво, стои во објавата.

Порачавме дека со дадениот глас за него и кандидатите за советници се „отвора врата низ која секој може да помине без да тропне, каде вашиот глас има вистинска вредност. Заедно можеме да донесеме промени што ги заслужуваме сите, порачува Имери.

Тој, моментно е директор на гимназијата „28 ноември“, а претходно истата функција ја обавуваше во деветолетката „Пенестија“. вт/ев/

ФОТО: Фејсбук 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан