Независноста на судството е едно од најважните прашања за пристапувањето во ЕУ, вели амбасадорот Ле Риголер
- ЕУ и земјите членки ги поддржуваат реформите во судството, оти независноста на судството е едно од најважните прашања за пристапувањето во Унијата, изјави амбасадорот на Франција Кристоф Ле Риголер.

Скопје, 26 февруари 2025 (МИА) - ЕУ и земјите членки ги поддржуваат реформите во судството, оти независноста на судството е едно од најважните прашања за пристапувањето во Унијата, изјави амбасадорот на Франција Кристоф Ле Риголер.
-Знаете тоа е прашање од областа на внатрешната политика, не е наше да коментираме. И сепак ќе кажам дека темата за независноста на судството не е никаква тајна, тоа се клучни капитални прашања коишто се најважни за влез во ЕУ, прашања кои што се важни на Унијата и тоа го повторува постојано. И мислам дека сите сме согласни во рамки на ЕУ, но и ние денеска на оваа маса, сме вклучени во поддршката за реформата на судството, рече абасадорот Ле Риголер на новинарско прашање како ги оценува актуелните случувања во правосудството во однос на предлогот за разрешување на државниот обвинител и за интерпелација на членовите на Судскиот совет на прес-конференцијата по повод презентација на програмата за годинашното одбележување на Франкофонијата.
За програмата на годинашното одбележување на Франкофонијата денеска покрај амбасадорот на Франција Кристоф Ле Риголер, говореа и амбасадорките на Швајцарија Вероник Хулман, на Романија Моника Аксинте и на Грција Софија Филипиду. вг/
Фото: МИА Архива