• среда, 27 ноември 2024

Неделен лабораториски извештај: Водата во Скопје е безбедна за пиење

Неделен лабораториски извештај: Водата во Скопје е безбедна за пиење

Скопје, 4 ноември 2024 (МИА) - Водата во Скопје е безбедна за пиење, се вели во неделниот извештај на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, за период од 28 октомври до 1 ноември. Од испитани 198 примероци за физичко-хемиска и 198 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во град Скопје, сите одговарале на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018. ир/са/


Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан