• среда, 25 декември 2024

Невремето „Атена“ ќе ја зафати Грција – надлежниот министер предупредува за опасни временски појави

Невремето „Атена“ ќе ја зафати Грција – надлежниот министер предупредува за опасни временски појави

Атина, 9 септември 2024 (МИА) – За опасни временски појави и опасност од поплави, а не за обична летна нестабилност, предупредува министерот за климатска кризи и цивилна заштита на Грција Василис Кикиљас за невремето „Атена“ што ќе зафати делови од земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Кикиљас објасни дека за невремето веќе е свикан состанок на меѓуресорски комитет со учествуво на сите инволвирани органи. 

- Врз основа на деталните информации од Комитетот за процена на опасност и според прогнозата на Националната метеоролошка служба, од вечерва и во следните денови во повеќе области во земјава ќе има опасни временски појави. Ова не е летна нестабилност, туку есенски систем. Практично, значи дека невремето ќе трае долго, па не се исклучени и појави на локални поплави, рече Кикиљас.

Додаде дека од вечерва до утре наутро се очекуваат обилни врнежи од дожд во Јонското море, а зафатени ќе бидат и Епир и западниот дел на земјата, а од утре невремето ќе го зафати северниот дел на земјата, како и северна и западна Тесалија. ср/ссм/

Фото: Архива МИА

Остани поврзан