• сабота, 28 декември 2024

Небиу: Агенцијата за одземен имот префрли во Буџетот 650.000 евра

Небиу: Агенцијата за одземен имот префрли во Буџетот 650.000 евра

Скопје, 26 јули 2023 (МИА) - Агенцијата за одземен имот во периодот од март до јули годинава извршила конфискација на парични средства и спровела продажби на одземен имот за што во Буџетот се префрлени 40 милиони денари односно 650.000 евра, соопшти директорот на Агенцијата Дритон Небиу. 

-Агенцијата, во период од март до јули 2023 година, врз основа на правосилните судски пресуди, изврши конфискација на парични средства и воедно спроведе успешни продажби на одземен имот, за што денес во државниот буџет се префрлени 40.000.000 денари односно 650.000 евра, напиша Небиу во „Фејсбук“. ев/

ФОТО: МИА Архива 

Остани поврзан