• вторник, 24 декември 2024

На Тајланд топлотниот бран усмрти над 60 луѓе

На Тајланд топлотниот бран усмрти над 60 луѓе

Бангкок, 10 мај 2024 (МИА) – Најмалку 61 човек починаа во повеќе неделниот топлотен бран што го погоди Тајланд, соопшти денеска тајландското Министерство за здравство.

Топлото време изминатите недели предизвика повеќе од двојно поголем број жртви во споредба со жртвите од жешкото време во цела 2023 година. Најголем дел од смртните случаи се регистрирани во североисточниот дел на земјата, каде што земјоделството е важен дел од економијата

Во Бангкок и другите делови од земјата во текот на ноќите температурата не се спушта под 30 степени Целзиусови. Додека пладневните температури редовно се над 50 степени.

Според синоптичарите високите температури се должат на феноменот Ел Нињо, додека Светската метеоролошка организација предупредува дека Азија се загрева побрзо од глобалниот просек.

Невообичаено високи температури се регистрирани и во Бангладеш, Виетнам, Мјанмар и Филипините. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан