• четврток, 26 декември 2024

На „Танц фест“ вечерва во МКЦ современи кореографи од Италија, Романија и Словачка

На „Танц фест“ вечерва во МКЦ современи кореографи од Италија, Романија и Словачка

Скопје, 5 април 2023 (МИА) - Во рамки на фестивалот „Танц фест“ 2023 година, вечерва во 20 часот во Младинскиот културен центар ќе бидат изведени три кореографии на автори од Италија, Романија и Словачка.

Првата кореографија под наслов „Дали е реално?“ е во кореографија на Гилда Федерика Цесарио од Италија, видео материјалите се на Андреа Базиле, а настапуваат Мартина Тондо, Росела Донато, Данило Скалинчи, Антонио Панарити и Дениз Камаса.

Следната кореографија, „OPUS I-IV“, во продукција на УНАГЕ од Романија, е во режија и кореографија на Сандра Мавхима, дизајн на светло на Емилијан Андреи, на музика на Богдан Маринески, костими на Анастасија Банаја и Александру Флореа, а настапуваат танчерите Хуан Круз Луке, Алина Постолаче, Бјанка Секриеру, Илинка Агафитеи, Ана Ван Харен.

Третата кореографија „Lud:Us“ е со концепт и кореографија на Јакуб Черулик, гостин од Словачка, а тој е и изведувач на кореографијата. Драматургијата е на Александра Пазгу и Јурај Корец, а дизајнот на светлото е на Мартин Пушкар. бд/сп/

ФОТО: Танц Фест

Остани поврзан