• среда, 25 декември 2024

На „Илинденски денови“ во Битола јубилеј на Семинарот за традиционална музика и игра

На „Илинденски денови“ во Битола јубилеј на Семинарот за традиционална музика и игра

Битола, 24 јули 2023 (МИА) - Семинарот за традиционална музика и игра кој се одржува во рамки на Републичкиот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“, годинава одбележува јубилеј, 15 години од востановувањето.

Јубилејната година е и прва година кога семинарот се интернационализира, изјави Љупка Стефановска координатор на семинарот.

-Оваа година повеќе од 50 учесници од земјава и странство ќе ги следат предавањата на истакнати стручни лица од областа на етномузикологија, етнокореологија и етнологија. На семинарот ќе бидат презентирани народни ора, народни инструменти и носии, а презентации ќе приредат Енрих Мердиќ од Хрватска, претседател на Јужноевропскиот сектор на ЦИОФФ, потоа Јанис Константину, едукатор учител од Грција, како и стручни лица од Македонија. Во рамки на семинарот кој почнува на 26 јули, ќе издадеме Зборник на трудови, истакна Стефановска.

Во рамки на придружните програмски содржини на фестивалот, вечер во битолскиот Центар за култура ќе биде промовирано аудио ЦД со наслов „Гласот на вечната љубов“ од авторот Стојан Трајковски. мт/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан