• вторник, 24 декември 2024

На Еквадор му се заканува исклучување од Мундијалот 2022 

На Еквадор му се заканува исклучување од Мундијалот 2022 
Лондон, 13 септември 2022 (МИА) – Фудбалската репрезентација на Еквадор би можела да биде исклучена од Светското првенство во Катар, откако британскиот весник „Дејли Мејл“ доби нови докази за шокантна исповед на еквадорскиот репрезентативец Бајрон Кастиљо дека користи лажен пасош во текот на официјалната истрага која Фудбалската федерација на Еквадор (ФЕФ) се обиде да ја прикрие.  ФИФА почна своја истрага откако Чиле пред четири месеци го обвини Еквадор за лажирање на податоците за Кастиљо од листот на родени и побара ФИФА да ја исфрли еквадорската репрезентација и Чиле да настапи на нејзино место на Мундијалот во Катар.  ФИФА по истрагата во јуни соопшти дека немало неправилности во случајот со Кастиљо и потврди дека Еквадор ќе настапи на Светското првенство.  Чиле, меѓутоа, вложи жалба на таа одлука и ФИФА в четврток треба да се произнесе по тоа прашање.  Како дел од новите докази, „Дејли Мејл“ денеска објави аудио снимка од разговор на Кастиљо со истражители од пред четири години, на која може да се слушне како фудбалерот потврдува дека е роден во 1995, а не во 1998 година, и тоа во Колумбија, а не во Еквадор.  Притоа потврдува дека неговиот вистински идентитет е Бајрон Ксавиер Кастиљо Сегура, што одговара на податоците од неговиот колумбиски лист на родени, место името во еквадорскиот документ во кој неговиот идентитет е наведен како Бајрон Давид Кастиљо Сегура. ег/паг/ 

Остани поврзан