• понеделник, 16 декември 2024

На денешен ден

На денешен ден
25 јануари 2020 (МИА) 1579.- Во Утрехт побунетите провинции Холандија, Зеланд, Утрехт, Галдерленд, Фризија, Гронинген и Оверајсел, поради пропаднатите обиди за смирување со шпанската управа,  создале Утрехтска унија за борба против Шпанија. Провинциите во 1581 година се отцепиле од Шпанија, а со Вестфалскиот мир во 1648 година добиле независност. Протестнатските Холанѓани не се помириле со строгата католичка политика на Шпанија. 1627.- Роден бил Роберт Бојл, англиски физичар и хемичар. Тој прв ги забележал разликите меѓу хемиските елементи и соединенијата и значително придонесол за развојот на хемијата. Умрел во 1691 година. 1759.- Во Аловеј близу до Ајр, е роден Роберт Бернс, еден од најпознатите шкотски писатели во 18. век. Во 1786 година излегла од печат неговата прва збирка песни „Песни претежно на шкотски дијалект“. Позната е и неговата збирка од собрани народни песни „Шкотски музички музеј“, како и збирката „Избрани шкотски песни“. Умрел на 21 јули 1796 година. 1823.- Умрел Едвард Џенер, англиски лекар и хирург. Тој го задолжил човештвото, пронаоѓајќи ја вакцината (1796) против смртоносните големи сипаници. Благодарејќи му нему, во почетокот на 19. век биле искоренети опасните епидемии. Роден бил во 1749 година. 1824.- Умре Теодор Жерико, француски сликар и графичар. Стилски припаѓал на доцниот класицизам. Сликал теми со историска содржина, современи драматични настани и друго. Со светска слава се здобил со сликата "Сплавот Медуза". Роден бил во 1791 година. 1904.- Излегол првиот број на познатиот белградскиот весник "Политика". 1921.- Зборот „робот“ првпат јавно се слушнал во Народниот театар во Прага во премиерата „ПУР“ на Карел Чапек, кој ги означувал ликовите како работници кои се појавуваат во претставата, а потекнува од стариот грчки збор „робота“, кој некогаш означувал ропска работа, а сега само работа.  1922.- Родена е англиската писателка Вирџинија Вулф, а нејзиното право име било Аделина Вирџинија Стивен. Остварила мајсторски портрети, посебно за жените од високите слоеви на англиското општество. Чувствителна и згрозена од војната во 1941 година се самоубила. Дела: романите „Излет на светилникот“, „Госпоѓа Деловеј“, „Години“ „Бранови“, „Орландо“, есеите - „Сопствена соба“, „Обичен читател“ и други. 1924.- Во францускиот град Шамони почнале првите зимски Олимписки игри. 1942.- Тајланд во Втората светска војна им објавил војна на Велика Британија и САД. 1954.- Во Скопје, во издание на Институтот за македонски јазик, излегол првиот број на списанието "Литературен збор", орган на Друштвото за македонски јазик и литература. 1961.- Во Скопје умрел д-р Сотир Ставридис, македонски хирург и уролог, прв асистент на Хируршката клиника во Скопје, основана во 1947 година, а подоцна нејзин долгогодишен директор. Тој е основач и раководител на Уролошкото одделение на Хируршката клиника. Во својот творечки живот објави повеќе од 20 стручни трудови од областа на хирургијата и урологијата. 1971.- Генералот Иди Амин со воен удар го соборил претседателот на Уганда Милтон Оботеа и набрзо се прогаласил за претседател на државата. 1981.- Во Прилеп е роден Тоше Проески. Музичката кариера ја започнал со настапот на „Мелфест“ во 1997 година. Патот кон ѕвездите му го отвориле песните „Пушти ме“ (1997) и „Остани до крај“ (1998). Тој бил претставник на Република Македонија за песна на Евровизија во 2004 година во Истанбул, Турција, и го освоил 14-то место. Во 2004 година, Проески бил именуван за регионален Амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. По тој повод ја издал песната „За овој свет“. Ги објавил албумите „Синот Божји“ (2000), „Некаде во ноќта“ (2001), „Ако ме погледнеш в очи“ (2003), „Ден за нас“ (2004), „По тебе“ (2005), „Божилак“ (2006), „Игри без граници“ (2007). Сингловите од албумот „По тебе“ по неколку месеци се наоѓале на највисоките места на музичките топ-листи во Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина. Неговото издание „Божилак“ е компилација од 14 избрани традиционални македонски песни. Објавени се и ДВД-изданија на негови концерти во 2004 и 2006 година. Негови најпознати хитови се „Усни на усни“, „Соба за тага“, „Ако ме погледнеш в очи“, „Тајно моја“, „Немаш ни благодарам“, „Срце не е камен“, „Кој ли ти гризе образи“ и други. Тоше ги привршувал студиите на Музичката академија во Скопје и работел на музичката кариера во светски рамки. Последниот концерт во Македонија го одржал на 5 октомври на Градскиот стадион во Скопје. Концертот бил хуманитарен и наменет за обнова на основните училишта во земјава. Тоше Проески загинал на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска. Постхумно Владата на Република Македонија го прогласи за заслужен граѓанин на државата, а во Крушево во негова чест е изграден меморијален центар што го носи неговото име. 1991.- Собранието на Република Македонија усвоило Декларација за независност. 1996.- Република Македонија и Белизе воспоставиле дипломатски односи. 1996.- Парламентарното Собрание на Советот на Европа одлучило да ја прими Русија наспроти острите критики поради воената интервенција во Чеченија. 1998.- Папата Јован Павле Втори ја завршил петдневната посета на Куба. 1999.- Во централниот дел на Колумбија во земјотрес загинале најмалку 1.200 луѓе. 2005.- Повеќе од 300 хиндуистички верници загинале во стампедо во еден храм во западната индиска држава Махараштра. 2007.- Умрел Хауард Хант, агент на ЦИА, клучен актер во аферата „Вотергејт“ која ја предизвика оставката на американскиот претседател Ричард Никсон и стана синоним за скандал и злоупотреба на власта. 2007.- Умрел рускиот народен уметник Георгиј Селезљов, водечки руски бас. Дипломирал на Ленинградскиот конзерваториум. Од 1977 до 1993 година бил еден од водечките солисти во Болшој театар. Раководеше со катедрата за соло пеење на Петербуршкиот конзерваториум. 2019.- На 74 годишна возраст, по кратко и тешко боледување почина актерот Славко Нинов. Целиот работен век го помина во МНТ, несебично вложувајќи се и на сцената и во раководењето на театарот. Незаборавни се неговите креации во претставите на режисерот Бранко Ставрев, а Нинов ќе остане запаметен и по извонредните интерпретации на стихови од македонските поети: Петре М. Андреевски, Анте Поповски, Гане Тодоровски, Кочо Рацин, Крсте Петков Мисирков и др. ###

Остани поврзан